Соопштение за јавност
Објавените видео снимки и материјалите поврзани со случајот „Рекет“ се обид да се загрози истрагата и да се саботира доказната постапка, а сите шеми и правци водат кон белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот вистински шеф Никола Груевски.
Наместо Христијан Мицкоски да се крие да се загози евроинтеграцијата а тајкуните на режимот да се престават како жртви, треба да одговори на прашањата што му се јавно поставени:
- ·Со кои двајца од луѓето кои се гледаат на видео снимката се има сретнато Мицкоски?
- ·Дали и што примил на рака?
- ·Дали со авторот на текстовите кои излегуваат во италијанскиот медиум Мицкоски се сретнал во Будимпешта?
- ·Дали му дал нешто на авторот на текстот и што е тоа?
Секој што се надевал дека со ваков конструиран случај, со објава на видео материјали ќе се компромитираат доказите и ќе се спаси од вина пред судовите се излажал.
Снимката е причина плус да се забрза истрагата и да ги даде одговорите за поттикнувачите, организаторите и осмислувачите во овој случај.
Сите детали истрагата мора да ги открие и секој, од прв до последен да одговара.
Тоа важи и за сите отворени предмети и истраги, вклучително и истрагата за предметот „Дизајн“ поврзан со набавка на автобуси, каде еден од осомничените е токму генералнниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.