Соопштение за јавност
Нема поголема пљачка на државата и граѓаните од 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Тогаш Христијан Мицкоски не можеше да ја види, заслепен од своите бизниси со хидроцентрали добиени во време додека го советуваше Груевски како да ја поскапи цената на струјата за 100 отсто.
Знае Мицкоски што е најголемата пљачка тоа е скапоцениот дворец со скапоцената тераса од која добро се гледа мегакриминалниот проект Скопје 2014.
Додека ВМРО-ДПМНЕ потроши над 600 милиони евра за лажен барок, гипс картон, стиропор, споменици и палми, здравството се распаѓаше, а во кругот на Клиничкиот центар во Скопје со години зјаеше огромна дупка оградена со тараби, симбол на лагите на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе изгради нов Клинички центар.
Денес, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се помират со тоа што парите не одат во скапоцениот дворец, туку се враќаат кај граѓаните, се инвестираат во патишта, водоводи, градинки, болници, училишта, за реални потреби на граѓаните.
Затоа Мицкоски е против изградба на нов, модерен Клинички центар, најголема гринфилд инвестиција во здравството. Затоа Мицкоски е против „зелената нафта“, против повратот на ДДВ кај граѓаните, против повисоки плати и пензии, против секоја мерка која е во интерес на граѓаните.
Обновата на државата започна со падот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски сака обнова на криминалниот режим кој ги осиромашуваше граѓаните и државата, но тоа нема да го види.