Соопштение за јавност
Распределбата на персонализирани картички за набавка на 30 отсто нафта за земјоделска механизација се одвива постојано и непречено.
Се реализира клучната мерка „зелена нафта“ со која 200 милиони денари ќе се вратат назад кај земјоделците.
55.000 земјоделци кои се регистрирани за обработка на градинарски и полјоделски култури, лозови и овошни насади и поседуваат обработливо земјиште, а воедно поднеле единствено барање за субвенции по Програмата за директни плаќања 2018 ќе можат да набавуваат поевтина нафта за земјоделска механизација.
Пресметката за тоа, кој земјоделец колку ќе има на картичката, ќе зависи од видот на производството кое го пријавил за субвенции, највисокиот износ е лимитиран до 100.000 денари, а ќе може да се точи исклучиво „евродизел“ гориво за земјоделската механизација.
Со персонализираната картичка и со расположливата сума им се намалуваат трошоците на земјоделците и повеќе пари остануваат за нив.
Со намалување на трошоците на земјоделците, се мотивира и поконкурентно производство, а земјоделците имаат шанса да го зголемат своето производство.