Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ 11 години преку криминали политики го урнисуваше земјоделството и вршеше уцени, закани и притисоци врз земјоделците и затоа нема кредибилитет да зборува за политиките во земјоделството.
Денес, ВМРО-ДПМНЕ манипулира со бројки, шири дезинформации и е против тоа 200 милиони денари да завршат назад кај земјоделците и да им се намалат трошоците за производство.
Мерката „зелена нафта“ ќе можат да ја користат 55.000 земјоделци кои се регистрирани за обработка на градинарски и полјоделски култури, лозови и овошни насади и поседуваат обработливо земјиште, а воедно поднеле единствено барање за субвенции по Програмата за директни плаќања 2018.
ВМРО-ДПМНЕ е навикната само на земање од граѓаните и може само да учи што е вистинска грижа за земјоделците .