Соопштение за јавност
Втор ден, ВМРО-ДПМНЕ изнесува лаги во неуспешен обид да го оцрни големиот државен празник 2 Август – Денот на Републиката.
И денеска од белиот дворец се шират лаги за наводни срамни скандирања, и денеска од белиот дворец лажат за наводни забрани за положување цвеќиња.
ВМРО-ДПМНЕ не се појави на Македониумот во Крушево и не се поклони на гробот на Карев со единствена цел, да предизвикува нови поделби.
Присутните на Мечкин камен вчера можеа да видат како делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ стана од среде настап од Тешкото на Танец за да држи прес конференција на која изнесе лаги и дезинформации. Тоа е непочит кон македонската традиција.
Вчерашното одбележување на Илинден во Скопје, Крушево и Пелинце е пример за државничко чествување на најголемите државни празници, кога сите граѓани без разлика на етничката, верската или политичката припадност треба да се сплотат околу вредностите на Илинден.
Илинден постои да обединува, а не за да дели како што тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ дури и на најголемиот државен празник. Граѓаните ги слават клучните историски моменти од минатото и гледаат во иднината, само ВМРО-ДПМНЕ е се уште заглавено во темните улици и поделбите.