ВМРО-ДПМНЕ не може да побегне од сенката на Левица, бадијала по секоја цена сака да ја замајува јавноста со лажни вести и конструкции.
Таква е и денешната прес-конференција на Наум Стоилковски полна со невистини и рециклирани лаги.
Факт е дека имотот кој го спомнува Стоилковски не е во сопственост на Стефан Богоев ниту пак дека се гради хотел.
Тоа што било заедничка сопственост на таткото на Богоев и неговите соседи било купено од физички лица а не од државата.
По оставинската постапка тој имот припаѓа на неговата мајка, поради прерана смрт на неговиот татко, што говори до каде на нивото на нечовечност оди ВМРО ДПМНЕ.
Дополнително, ДУП-от за којшто лажно говори Стоилковски е донесен многу пред Звонко Пекевски да стане градоначалник.
Факт е исто така дека во моментов не се гради хотел, нити пак во догледно време ќе има хотел на тоа место, исто како што Стефан Богоев нема никаква поврзаност со споменатата фирма.
ВМРО-ДПМНЕ освен лаги ништо друго не може и не сака да им понуди на граѓаните, затоа се таму каде што се, во длабока опозиција.