fbpx

Делегации на СДСМ оддадоа почит во чест на големиот државен празник 2 Август – Денот на Републиката

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во чест на големиот државен празник, 2 Август – Ден на Републиката, делегации на СДСМ денеска положија свежо цвеќе и оддадоа почит на загинатите борци на неколку локации.
 
Во Скопје, делегација на СДСМ во состав Стефан Богоев член на ИО на СДСМ, Диме Велковски, член на ЦО на СДСМ и Ивана Трајкова од СДММ, положи свежо цвеќе и оддаде почит пред споменикот на Никола Карев, споменикот на АСНОМ во парк Жена борец и на споменикот на паднатите борци во НОБ на градските гробишта Бутел. 
 
Во Пелинце, делегација на СДСМ во состав Костадин Ацевски, пратеник од СДСМ во Собранието, Татјана Прентовиќ, пратеничка од СДСМ во Собранието и Бојан Стојковски од СДММ,  положи цвеќе пред Меморијалниот центар АСНОМ.
 
Во Смилево, делегација на СДСМ во состав Соња Карапец претседавач на ЦО на СДСМ, Васко Ковачевски, ОО СДСМ Битола и Роберт Наумовски, член на ЦО, положи свежо цвеќе и оддаде почит на три спомен обележја: Mогила на Даме Груев – обелиск, споменик на Смилевските илинденци и спомен плоча на Партизанскиот одред “Даме Груев”.

 

Последни вести