fbpx

Делегации на СДСМ ќе го одбележат големиот државен празник, 2-ри август, Денот на републиката

Facebook
Twitter
LinkedIn

Во чест на големиот државен празник, 2 август – Ден на Републиката, делегации на СДСМ денеска, (02.08.2019) ќе положат цвеќе и ќе оддадаат почит на загинатите борци на неколку локации.

Во Крушево, во рамки на државното одбележување на празникот, делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Љупчо Николовски, Душко Весковски, организационен секретар на СДСМ и Милена Курета од СДММ, ќе положат свежо цвеќе во 8.30 часот пред гробот на Никола Карев, во 9.00 часот пред споменикот на Слива „На хероите на Слива“ и во 11.00 часот пред споменикот на Мечкин Камен.

Во Скопје, делегација на СДСМ во состав Стефан Богоев, член на извршниот одбор на СДСМ и Диме Велковски, пратеник во Собранието на Република Македонија и Ивана Трајкова од СДММ во 8.45 часот ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев и споменикот на АСНОМ во парк Жена борец, а во 9.15 пред споменикот на Методија Андонов – Ченто.

Во Пелинце, пред Меморијалниот центар АСНОМ, во 10.00 часот, во рамки на државното одбележување на празникот, почит ќе оддаде и ќе положи свежо цвеќе делегација на СДСМ предводена од пратениците Костадин Ацевски и Татјана Прентовиќ и Бојан Стојковски од СДММ.

Во Смилево, делегација на СДСМ во состав Васко Ковачевски и Соња Карапец, претседавач на ЦО на СДСМ, во 09.00 часот, ќе положат свежо цвеќе и ќе оддадат почит на три спомен обележја: Mогила на Даме Груев – обелиск, споменик на Смилевските илинденци и спомен плоча на Партизанскиот одред “Даме Груев”.

 

 

Последни вести