fbpx

Ковачевски: Најголемата поддршка за бугарските клубови во земјава пристигна од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои се континутет на Вначо Михајлов

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Најголема поддршка на бугарските клубови во Македонија стигна од претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, којшто кажа дека е континуитет на Ванчо Михајлов, рече денеска во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.
Одговорот го пренесуваме во целост:

-Најголема поддршка на бугарските клубови во Македонија стигна од претседателот на ВМРО – ДПМНЕ којшто кажа дека е континуитет на Ванчо Михајлов. Протестите во Битола беа против Ванчо Михајлов. Така што, не трбеа поддршка од Бугарија да доаѓа, поддршка дојде од тука од претседателот на најголемата опозициска партија, исто како што претпоставувам дека и отворањето дошло од таа партија и сето она што се случуваше при палењето на вратите итн, дека дошло исто така од таа партија. Со оглед на тоа гледаме кој настапува на нивни настапи.
Во однос на Венецијанската комисија прво ние сме држава која што има изградено висок демократски капацитет во заштита на човековите права. Кај нас секој граѓанин да се организира слободно, во невладинп здружение или во било кој друг вид на здружување согласно законите.
За мене воопшто не е спорно нашите закони да бидат проверени од страна на европски институции особено имајќи го предвид фактот што ние веќе го започнавме оваа недела билатералниот скрининг со ЕУ, каде што и нашето законодавство и спроведувањето на законодавството ќе биде во детали разгледано од страна на ЕУ како дел од преговарачкиот процес и секако дека таму ќе бидат дадени одредени насоки од страна на ЕУ. И повторувам уште еднаш, јас бев тој кој смета дека треба да има нов закон за здруженија на граѓани во државата и уште стојам на тој став дека треба да се изработи став од страна на Министерството за правда во кој ќе учествуваат сите политички партии, експерти и како што основа ќе се земе германското законодавство.

Задолжен за односи со Венецијанската комисија е Министерството за правда. Ние на седница на Влада ќе ги разгледаме сите аспекти на законот за здруженија на граѓани кој беше донесен едногласно од сите пратеници, откако ќе се види дискусијата во однос на кои делови треба да се направи разгледување на тој закон тогаш можеме да донесеме одлука. Во моментов тој закон е во сила во државата и со оглед на тоа дека нашите пратеници едногласно сите го донеле тој закон ќе се применува во државата. Тоа го кажав и во присуство на бугарскиот премиер кога имавме пуштање на пругата кон Бугарија, односно изградбата на пругата кон Бугарија дека македонските институции носат закони за Северна Македонија, буагрските носат закони за Бугарија.

Ние имаме закони кои се носат секојдневно во нашето Собрание освен оние кои што ги блокира опозицијата па не можат да се донесат, а се значајни за граѓаните. Меѓутоа нема закони кои заради таква причина оделе на разгледување во Венецијанската комисија. Нашето законодавство веќе 45% е усогласено со законодавството на ЕУ и останува само низ преговорите со ЕУ да биде усогласено целосното законодавство на државата, рече Димитар Ковачевски, премиер и претседател на СДСМ.

Последни вести