fbpx

Владата предводена од СДСМ реши проблеми кои беа нерешливи за ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ со години лажеше дека СДСМ нема програма, за денес да ја цитира програмата на СДСМ.- истакна денеска на седница на Собранието, пратеникот на СДСМ, Бетиене Китев.
 
Китев посочи дека опозицијата влегува во нови лаги тврдејќи дека актуелната влада  ги иницирала сите проблеми во земјоделието, кон лозарите, а всушност токму оваа Влада ги исплати наследените 1.5 милиони евра долг  кон нив. Тој дополни дека токму со подршката на предлогот на пратеникот Панче Минов или друг пратеник Владата продолжува да ги реализира јасните цели и планови.
 
 

Наместо да се скрати од шпанските скали и жалните врби и да ги намени парите за земјоделците,лозарите,  ВМРО-ДПМНЕ не презеде ништо, порача пратеникот Китев.
 
Идејата на овој закон за земјоделие е да се подобри исплатата на лозарите и Владата ќе го реализира тоа во мандатниот период од 4 години, со исплата до последниот лозар за да не излезе селективна исплата како во вашиот мандат-истакна Китев обраќајќи се кон опозицијата од ВМРО-ДПМНЕ.
 
 
 
 
 
Последни вести