fbpx

Спасовски од Крушево: Реформите што ги спроведуваме обезбедуваат безбедна држава со економски раст и повеќе пари за граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Членот на ЦО на СДСМ, Оливер Спасовски, придружуван од градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, претседателот на ОО СДСМ Крушево, Трајче Калевски, како и други членови на ОО СДСМ одржаа маалска средба со граѓаните на Крушево.

На средбата со граѓаните се зборуваше за спроведените реформи кои носат подобар животен стандард и повеќе пари за граѓаните, како и за теми кои се директен интерес на граѓаните на Крушево.

Членот на ЦО, Оливер Спасовски, ги истакна промените во СДСМ  како владејачка партија кои се направени исклучливо во интерес на граѓаните.

-За само 2 години успеавме да направиме многу повеќе од 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Се реализираат мерките кои беа ветени и кои носат подобар живот и повеќе пари за граѓаните. Ја укинавме радиодифузната такса, ја вративме евтината тарифа на струја, мерката поврат на ДДВ враќа пари во семејните буџети, со мерката „зелена“ нафта кај земјоделците се враќаат 3,5 милиони евра. Ги унапредуваме системите за детска и социјална заштита, растат платите – порача Спасовски.

Спасовски се осврна и на успешните евроинтеграции кои директно влијаат на бизнис климата и поради кои се повеќе компании се решаваат да инвестираат во држава и се отвораат нови добро платени работни места.

-Затекнавме задолжена и заробена држава. Во МВР јас затекнав долг од 40 милиони евра, а за само 2 години се вратија 31 милион евра од долгот, реконструирани се 35 полициски станици и обезбедена е опрема за сите припадници на МВР. Остварените реформи се доказ за успешните политики на Владата предводена од СДСМ. Продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните, нема да се толерира криминал и корупција, приоритетна цел за СДСМ е да обезбеди правна држава во која постои неселективна правда и последните случаи го потврдуваат тоа – заклучи Спасовски.

Тимови на СДСМ ги запишуваа сугестиите и предлозите на граѓаните.

СДСМ продолжува со теренски активности и маалски средби и во наредниот период.

Остануваме меѓу граѓаните, го слушаме нивниот глас и ги следиме нивните потреби.

 

Скопје, 29.07.2019  

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести