Отворен повик за избор на претседател и членови на постојното работно тело – комисија на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

​Врз основа на член 29, став 1, алинеја 25 од Статутот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Одлуката за основање на постојани работни тела – комисии заверена со архивски број 02-691/1 од 20.08.2014 година и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за основање на постојани работни тела – комисии, заверена со архивски број 0202-43/1 од 06.02.2015 година, Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за основање на постојани работни тела – комисии, заверена со архивски број 0205-332 од 19.07.2019 година донесена на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на 10-та седница одржана на 18.07.2019 година, се објавува

 

ОТВОРЕН ПОВИК

за избор на претседател и членови на постојното работно тело – комисија на 

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија

 

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува сите заинтересирани лица да поднесат кандидатура за претседател и членови на постојното работно тело на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Комисијата за спроведување на политиките едно општество за сите граѓани.

 

​Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните критериуми:

• да бидат исклучително стручни, компетентни и посветени во областите кои се суштински за градење и спроведување на политиките за едно општество за сите;
• да даваат постојана политичка подршка на градењето обединето општество;
• со својот ангажман да придонесуваат за градење и развој на меѓуетнчките и меѓукултурните политики кои се значаен сегмент во спроведувањето на политики за едно општество за сите;
• со својот ангажман и работа да придонесуваат во градењето на толерантно општество;
• да ги спроведуваат одлуките, актите и протоколите на СДСМ, вклучително и особено сите кои се однесуваат на системот на комисиите;
• целосно да ги спроведуваат упатствата и инструкциите кои ќе бидат испорачувани од системот на комисии на партијата;
• да поседуваат силно изразени комуникациски и организациски способности;
• во целост да учествуваат и да ги исполнуваат обврските за соодветен ангажман во останатите партиски активности, кампањи и конкретни задачи од партијата во целина;
• да имаат изразена способност за работа во тим;
• да го прифатат и во целост да ги почитуваат и применуваат нормите и правилата од Кодексот на СДСМ;
• да ги спроведуваат обврските и надлежностите кои се предвидени со посебен Правилник донесен од ИО на ЦО на СДСМ, а кои се однесуваат на соодветна позиција во Комисија на СДСМ.

Заинтересираните кандидати за претседател треба да достават биографија и план за работа, а кандидатите за членови треба да достават биографија до Претседателот на СДСМ, во седиштето на партијата на ул. „Павел Шатев“ бр.8 Скопје, најдоцна до  31.07.2019 година.

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА