fbpx

За ВМРО-ДПМНЕ капитални инвестиции беа барокот, стиропорот и провизиите, денес се гради низ целата држава

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што економијата расте и што целата држава е во изградба и не може да се помири со тоа што парите на граѓаните веќе не завршуваат во нивниот скапоцен дворец.

ВМРО-ДПМНЕ за време на нивното владеење за капитални инвестиции ги броеше лажниот барок, стиропорот, провизиите од автопатите, а често правеа манипулации и вештачки ги пумпаа податоците. 

Само во последниот месец реализацијата на капиталните инвестиции пораснала за 10 отсто, а во пресметката не се влезени патиштата што ги гради Јавното претпријатие за државни патишта.

Само во патната инфраструктура во моментов се реализаираат над 80 проекти со вкупна должина од над 700 километри. 

Се гради во секој дел од државата, а реализацијата во патната инфраструктура е над 34 отсто. 

Процесот на гасификација е со реализација од 48 отсто. 

Околу 50 отсто е реализирана изградбата на пругата Куманово – Бељаковце, а завршена е изградбата на пругата Битола – Кременица.

Во тек е реализација на проекти во дваесеттина општини во изградба на комунална инфраструктура во должина од 186,8 километри и опфат на 225.000 граѓани.

За само две години завршена е патна мрежа со вкупна должина од 480 километри. 

За 2 години СДСМ за инфраструктурата направи многу повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за цели 11 години.

 

 

Последни вести