fbpx

СДСМ се вклучи во големата акција за чистење на Скопје, остануваме посветени на обезбедување и зачувување на здрава животна средина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштени за јавност

Општинските организации на СДСМ на територија на Град Скопје, се приклучија на масовната акција за чистење на Скопје што се одвива во изминативе два дена.

Во сите општини во Скопје на повеќе локации, тимови на ОО СДСМ активно учествуваа во еко акцијата во која се чистеа диви депонии, кејот на реката Вардар, се метеа и миеја сите градски и општински улици, се собираше кабаст отпад, се кастреа дрвја и грмушки. 

Покрај масовна еко акција, од страна на институциите беше засилен и инспекцискиот надзор со цел превенција и санкционирање на недозволено фрлање смет на јавни површини.

 Како одговорна партија остануваме посветени на одржување на јавната чистота и обезбедување чиста и здрава животна средина. 

Во меѓувреме, инстиуциите продолжуваат со реализација на мерките што имаат за цел  надминување на долгогодишниот проблем со аерозагадувањето и обезбедување чист воздух и здрава животна средина за сите. 

 

Скопје, 27.07.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести