fbpx

Лукаревска и Димковски на маалска средба во село Миравци: Продолжуваме со реформите што носат придобивки за граѓаните и државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Маалска средба, Сања Лукаревска, членка на ЦО, маалска средба, Миравци

 

Членката на ЦО, Сања Лукаревска и Трајан Димковски, придружувани од градоначалникот на Општина Гевгелија и Сашо Поцков, претседателот на ОО СДСМ Гевгелија, Владислав Видимче попладнево одржаа маалска средба со граѓаните на село Миравци.

На средбата со граѓаните се зборуваше на повеќе теми кои се од интерес на граѓаните, за спроведените реформи кои носат придобивки за граѓаните и државата.

Членката на ЦО на СДСМ, Лукаревска ги истакна промените кои СДСМ како владејачка партија ги прави исклучливо во интерес на граѓаните.

-Денеска сме меѓу граѓаните, тоа е доказ дека сме тука да ги слушнеме нивните потреби, сугестии, пофалби. За 2 години успеавме да направиме голем број на реформи кои ја стабилизираа економијата, преку сетот на реформи имаме раст на БДП, ги намалуваме казните и трошоците од една страна, а ги зголемуваме платите и пензиите од друга страна. 

Додека во време на ВМРО-ДПМНЕ, тогашната власт беше навикната да граба и зема, ние преку реформи враќаме пари кај граѓаните, а доказ за тоа е мерката поврат на 15 отсто од ДДВ со што 50 милиони евра ќе се вратат во семејните буџети на граѓаните – порача Лукаревска.

 

Димковски истакна дека зборот, навистина важи, спроведените реформи овозможуваат се повеќе пари да се враќаат назад кај граѓаните.

-Како Влада од прв ден сме посветени да го олесниме животот на граѓаните и да ги вратиме парите назад кај нив. За нас зборот важи. Преку мерките особено во секторот на земјоделството го враќаме достоинството на земјоделците. Само преку мерката „зелена“ нафта, 3 и пол милиони евра ќе се вратат назад кај земјоделците. 

Денес, се користат ИПАРД фондовите, се гради систем за земјоделство кој ги следи европските стандарди, земјоделството и производите стануваат конкурентни и исплатливи – истакна Димковски.

Тимови на СДСМ ги запишуваа сугестиите и предлозите на граѓаните.

СДСМ продолжува со теренски активности и маалски средби и во наредниот период.

Остануваме меѓу граѓаните, го слушаме нивниот глас и ги следиме нивните потреби.

 

 

 

Последни вести