Соопштение за јавност
Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов продолжуваат со активностите кои имаат за цел да обезбедат здрава и чиста животна средина и чист воздух за сите.
Како дел од тие активности е и акцијата за ослободување на заробените дрвја од градежен материјал при нестручно изведени градежни активности што ја спроведува Град Скопје во која се вклучени општините Центар, Карпош, Чаир и Аеродром.
Веќе се ослободени околу 150 садници, а претходно, тим од Шумарскиот факултет мапираше 841 заробено дрво во градот.
Како што информираше Град Скопје крајот на акцијата планирано е да се ослободат најмалку 200 дрвја, што е повеќе од 25 отсто од вкупниот број заробени дрвја во Скопје.
Од почетокот на акцијата, до сега општина Аеродром целосно ја изреализира акцијата односно не остана ниту едно заробено дрво , а со забрзано темпо работат и останатите општини.
Ослободувањето на заробените израснати и квалитетни дрвја пак овозможува нивно непречено развивање, а со тоа и течење на процес на постојано природно прочистување на воздухот како и задржување на прашината и честичките за 30 до 40 проценти повеќе од помалите и неразвиени дрвја.
Во насока на зачувување на животната средина се и претходните мерки кои се превземаа како реконструкција и подигање на зелени површини на околу 40 илјади квадратни метри, но и мерките за чист воздух што имаат за цел надминување на долгогодишниот проблем со аерозагадувањето.
Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов продолжуваат да работат одговорно, домаќински, отчетно и единствено во интерес на Градот и граѓаните.