Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на лажни вести, дезинформации и невистини е во паника од тоа што општеството, граѓаните и институциите се организираат во борбата против дезинформациите.
Речиси секојдневно од белиот дворец се шират лаги, дезинформации, се конструираат и измислуваат непостоечки случаи, се пласираат лажни вести кои и институционално се демантирани од офцијални, државни институции.
Граѓаните одамна ја препознаваат ВМРО-ДПМНЕ како главен извор на лажни вести, затоа само на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски им пречи борбата против дезинформациите, лагите и измислиците кои се против интересите на демократијата, граѓаните и државата.