fbpx

Петровска на Канал 5: Целото делување на ВМРО-ДПМНЕ и Ковачки е базирано на лаги

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Целото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ, па и на пратеникот Драган Ковачки е базирано на лаги, порача членката на ЦО на СДСМ, Славјанка Петровска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.

Петровска праша дали Ковачки ги злоупотребува своите контакти во одбрана со цел да добие политички поени и истакна дека тој во вечерашната емисија повторно пласирал лажна вест поврзана околу нејзиниот анкетен лист, за што побара извинување.

Осврнувајќи се на наводните индиции за сторени незаконски дејствија Петровска му порача на Ковачки се што има како докази, да ги достави до надлежните институции.

„Сите документи треба да ги испратите во Јавното обвинителство, јас сум политички избрано и именувано лице. Јас треба да пријавам, а не да влијаам и да се мешам во истрагата. Тоа е политикантство и јас нема да го прифатам. Вие сте така навикнати од работењето за време на власта во ВМРО-ДПМНЕ“ му порача Петровска на Ковачки во емисијата „Само вистина“.

Последни вести