fbpx

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ година дена го блокираше законот за служба во Армијата, за да го заштити Ковачки

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ со над 2000 амандамани повеќе од година дена го блокираше законот за служба во Армијата, за да го заштити Ковачки, бидејќи содржи одредба која не дозволува членство во извршни органи на партии, нагласи членката на ЦО на СДСМ Славјанка Петровска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Година дена го блокиравте тој закон со којшто професионалните припадници на Армијата кои навршуваат 45 години старост и веќе не се дел од професионалната армија, требаше да земат отпремнина за секоја година помината во армијата, истакна Петровска.

Петровска нагласи дека сега платите во одбраната растат, а решенијата се донесуваат во дијалог со синдикатите.

Зголемувањето на платите од над 2.000 денари беше договорено низ дијалог со сите четири синдикати, истакна членката на ЦО на СДСМ Славјанка Петровска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Последни вести