fbpx

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ го уништи и задолжи АД Водостопанство до гуша, СДСМ го реорганизира и рехабилитира

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Вработените на АД Водостопанство многу добро знаат дека ВМРО-ДПМНЕ поради криминални и профитерски причини го задолжи АД Водостопанство и ги остави вработените на цедило.

Лошото организациско менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ е причина за лошата состојба на АД Водостопанство.

Додека ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше проблемите на вработените АД Водостопанство, СДСМ покажа што значи грижа и одговорност.

Наместо ВМРО-ДПМНЕ да одржува за нив препознатливи прес-конференции полни со лаги, да се помири со фактот дека Владата предводена од СДСМ на владина седница донесе одлука да се подмират долговите на АД Водостопанство за работите да профункционираат.

Претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ остави загрозена финансиска состојба на АД Водостопанство, СДСМ го препозна проблемот и го решава.

Владата предводена од СДСМ, заедно со надлежното министерство и институции ги презема сите мерки за рехабилитирање и реорганизирање на АД Водостопанство со цел наводнувањето на земјоделски површини низ цела држава да се одвива непречено.

ВМРО-ДПМНЕ натрупа огромни проблеми за земјоделците, СДСМ ги решава!

 

Последни вести