Соопштение за јавност
Криминални октоподи се одлика на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.
Сега, во земјава владеат законите и правото.
Кога зборува Мицкоски за глави и пипци на октоподи, знае и тој, како и целата јавност дека една единствената глава на криминалниот октопод е во Будимпешта и се вика Никола Груевски.
Наместо да бега, Мицкоски да излезе и да и одговори на јавноста, на граѓаните:
Дали со еден од осомничените на кои им е одредена мерка притвор имал неколку средби во една позната дискотека, а потоа и во белиот дворец?
Дали посегнал по парите на еден од осомничените?
Мицкоски е против правдата затоа што единствена негова мисија и цел е одбрана на криминалот на вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, главатарот Никола Груевски.