fbpx

СДСМ Кичево на средби со граѓаните во населбата Центар, зборот важи!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Почитувани граѓани,
СДСМ Кичево е веќе на терен заедно со новото раководство на ОО СДСМ Кичево кое во меѓувреме се избра, на чело со претседателката Габриела Ристовска. Јас, Катерина Матеска, како портпарол на ОО СДСМ Кичево, со особено задоволство сакам да ве информирам дека време е за работа, време е да се слушне гласот на обичниот човек, неговите потреби и интереси, бидејќи граѓаните се тие што ги следат сите политички процеси во нашата земја и тие добро знаат што се случува и што треба да се реализира од она што останало нереализирано во изминатите две години, односно на што да го насочат своето внимание. Знам дека имаат доверба во нас, но исто така знам и дека имаат голем број на забелешки. Токму затоа за нас е битно мислењето на граѓаните. И не, не се работи за празни флоскули туку за вистински искрени намери кои треба да се имплементираат во пракса. За таа цел следи работа на терен во смисла посета на секое катче во нашиот град. Тоа подразбира средби во градот Кичево, средби по населби, маала, сокачиња и по селата, вклучувајќи ги и средбите со целни групи. Во континуитет фокусот на СДСМ Кичево ќе биде насочен кон реализација на проектите на СДСМ и дополнително решавање на проблемите, се разбира со целосна поддршка на функционерите од СДСМ како на централно, така и на локално ниво. Покрај тоа, ќе се реализираат различни видови на акции во интерес на граѓаните, но за тоа потоа.
Исто така, со оглед на фактот дека Кичево е мултиетнички град со свои специфики, заедно и во координација со коалициониот партнер ќе се погрижиме заеднички да делуваме и да придонесуваме во секој сегмент од нашето живеење.
Ние веќе делуваме на начин кој што го очекуваат кичевчани (го слушаме нивниот глас) и затоа се надеваме на максимално вклучување од нивна страна во сите процеси на подобрување на условите во Кичево. Денешната средба беше во населба Центар, а во периодот што претстои продолжуваме во останатите населби.
Со нови сили во нови победи!

 

 

 

Последни вести