Маалска средба, Оливер Спасовски, член на ЦО со граѓаните на Оризари, Кочанско
Оливер Спасовски, член на Централниот одбор на СДСМ, придружуван од Трајан Димковски, градоначалнилот на о. Кочани, Николчо Илијев и претседателот на општинската организација од Кочани Гоце Серафимов денеска беше со граѓаните на Кочани и населеното место Оризари.
На средбата Спасовски посочи дека промените што се случија во партијата и во извршната власт се заокружени и дека се во интерес на државата, забрзување на напредокот и реформите.
Градиме систем којшто им служи на граѓаните.
СДСМ се менува затоа што сакаме да го забрзаме напредокот.
Резултатите се веќе видливи, за нас зборот важи.
Со низа мерки што ги спроведовме, се повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните.
Економијата расте, имаме рекордни странски инвестиции.
Последните случувања пак покажаа дека независен судски систем и неселективна правда се можни во нашата земја, сите се еднакви пред законите, рече Спасовски.
Димковски ги посочи мерките кои се реализирани во интерес на земјоделците.
Започна имплементацијата на мерката „зелена нафта“, со која над 200 милиони денари завршуваат кај 55 илјади земјоделци.
Со цел навремен откуп на оризот и исплата на субвенциите кон оризопроизводителите ресорното министерство воведе сет мерки од кои дел се реализирани, а дел ќе се реализираат во периодот кој следува.
Денес, субвенциите, за ХА под ориз без семенски материјал изнесуваат 18.000 денари, а, семенски материјал 25.000 денари.
Претходно, субвенциите за еден ХА ориз без сертифициран семенски материјал беа 6.000 денари, што значи дека зголемувањето е тројно, истакна Димовски на средбата со граѓаните.
СДСМ ги продолжува средбите со граѓаните и во текот на летото.
Остануваме посветени на обезбедување на подобри услови за земјоделците, преку проекти и мерки кои директно влијаат на намалување на трошоците, зголемување на субвенциите и воедно подобар животен стандард на сите.