Соопштение за јавност, ОО СДСМ Гостивар
Почитувани,
За нас од СДСМ зборот навистина ВАЖИ!
ОО на СДСМ Гостивар го заврши изборниот циклус во сопствените редови. Новото раководство, нашите нови тимови заедно со раководителите поставени во општината од повеќе области во периодов што престои ќе бидат заедно со вас.
Да потсетиме: Се обврзавме пред граѓаните за примени и нов начин и модел на делување, но и на забрзување на напредокот на општеството. Резултатите се гледаат, но има и напластени проблеми кои само со многу труд и ангажман на пошироката заедница полесно би се надминале.
Ќе започнеме и со теренски активности и средби со граѓаните во маалата, во селата, во урбаните заедници. За нас, зборот важи.
Тимови на СДСМ, придружувани од партиски носители на функции, советници, пратеници, директори ќе се сретнат со граѓаните. Свесни сме дека постојат нерешени прашања кои бараат одговор.
На маалските и урбани средби со граѓаните ќе разговараме за нивните потреби, за отворените прашања, за работата на локалната самоуправа и градоначалниците, за работата на централната власт и на институциите, но и за начинот на решавање на проблемите. Да се види што е добро сработено во изминатите 2 години и што треба да се поправи.
Ги покануваме граѓаните да се приклучат, да бидат гласни, тука сме да го слушнеме нивниот глас и да делуваме и да ги решаваме нивните проблеми. За се она што е значајно за граѓаните, целата структура на СДСМ се става во функција на нивно успешно решавање.
Заедно со граѓаните ги доведовме промените, зедно победивме, заедно со граѓаните продолжуваме да го забрзаме напредокот, за подобар живот на сите наши граѓани низ целата земја.