fbpx

Ковачевски: Инсталиравме 27 мегавати фотонапонски централи, повеќе отколку за 11 години ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

За само 10 месеци,во мојот досегашен мандат имаме инсталирано 27 мегавати фотонапонски централи. Колку за споредба, тоа се 11 мегавати повеќе од она што беше направено од ВМРО-ДПМНЕ за вкупно за 11 години. За 10 месеци направивме повеќе отколку за 11 години ВМРО-ДПМНЕ Рече Ковачевски на вечерашната трибина на СДСМ „Силно и одлучно кон идината“ во Охрид.

Претседателот на СДСМ и премиер Ковачевски, на трибината во Охрид истакна дека Северна Македонија работи на трансформација на енергетскиот состем

“Спроведуваме енергетска транзиција, со нашето македонско сонце да ја создадеме Македонија како иден зелен енергетски центар на Европа. На овој начин обезбедуваме зелена, еколошка и многу поевтина струја но и водиме во процесите за иднината” рече Ковачевски
Претседателот Ковачевски го истакна енергетски проекти за трансформација, електраната во Осломеј, која е инвестиција во фотонапонската електрана од 10 мегавати, а со која ваушност и започна енергетската трансформација. Претседателот Ковачевски посочи дека веќе се градат и фотонапонски централи по пат на Јавно приватно партнерство со инсталиран капацитет од 100 мегавати на истото место.

“Неодамна почна со работа најголемата фотонапонска централа со капацитет од 17 МW, изградена од страна на компанијата од Словенија („Ген-И“). Градиме и за кратко ќе ги ставиме во употреба ветерниците од 25 мегавати во Свети Николе”, рече Ковачевски вечерва во Охрид.

Последни вести