Соопштение за јавност
“Во наредните две години, треба се пуштат во употреба сите 130 мегавати на фотонапонски електрани. Тоа е мојата енергетска визија, да бидеме европски шампиони за производство на енергија од нашето македонско сонце”, порача претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски вечерва од Охрид.
Претседателот на СДСМ и премиер Ковачевски истакна дека иднина во производството на електрична енергија е токму во обновливите извори на енергија, на што е тој целосно посветен, а резултатите се веќе видливи. Ебергетската трансформација во Северна Македонија е започната со фотонапонската електрана “Осломеј” која е првата трансформација од јаглен во обновливи извори.
Премиерот ги посочи Договорите за стратешки инвестиции за инсталиран капацитет од еден гигават, во проекти за изградба на фотонапонски и ветерни централи, како и комбинирана гасна електрана и тоа со реномирани големи европски компании, од Франција, Германија и Грција.
“Спроведуваме енергетска транзиција, со нашето македонско сонце да ја создадеме Македонија како иден зелен енергетски центар на Европа. На овој начин обезбедуваме зелена, еколошка и многу поевтина струја но и водиме во процесите за иднината.” Посочи претседателот Ковачевски.