Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на непотизам, партиски вработувања и лажни вести нема кредибилитет да зборува за партизација.
Цели 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ се асоцијација за 11 години вработување и сместување на блиско семејство, соработници, роднини на позиции однапред резервирани само за нив.
Затоа ВМРО -ДПМНЕ кога зборува за оваа тема треба прашањата да ги адресира до Христијан Мицкоски и неговите најблиски соработници кои се класичен пример за непотизам.
Антонио Милошовски, Кирил Божиновски, Игор Јанушев и Анастасија Илиевска се само дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои се примери за непотизам и вработување роднини во државни институции.
Но, како што граѓаните и јавноста добро знаат, одговорност, правда, еднави шанси се непознати поими за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, тие се навикнати на непотизам, неправда, брутална партизација.
Времето на непотизам и партиски вработувања заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Денес,сите граѓани имаат еднакви шанси за вработување
ВМРО-ДПМНЕ изгуби на претседателските избори и на предвремените локални избори во Охрид и Ново Село, и ќе изгуби на сите следни избори.
Никој повеќе не верува во лажната загриженост на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.
Криминалните и деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ се поразени!
Скопје, 14.07.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА