Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ функционирањето на Град Скопје е во целосен хаос.
Не само што нема нови проекти, туку не се реализираат ниту наследените преокти кои се во поодмината фаза, а за чија реализација се обезбедени средства.
Не се реконструира Универзална сала, не се довршува изградбата на мостовите во Карпош и Аеродром, нема реализација на клучката кај Момин поток, а во првата година од мандатот не е започнат ниту еден нов капитален проект.
Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска, за првпат во историјата, Скопје остана без јавен автобуски превоз.
ЈСП тоне во долгови, договорот со едниот приватен превозник е прекинат, а вториот приватен превозник два дена не вози затоа што не му се исплатени долговите.
Никаде ги нема новите автобуси што ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги ветуваа, ја нема ниту фабриката за електрични автобуси што шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски ја најавуваше.
По Скопје 2014, ВМРО-ДПМНЕ му приредува нова катастрофа на главниот град, каде не функционираат ниту основните комунални услуги, а развој, проекти и инвестиции воопшто нема.