Со своето дејствување и со својата реторика, политичката партија Левица стана Десница која се води од десничарските принципи.
Оваа партија како заложник го зеде Христијан Мицкоски, затоа што тој е слаб, без став, без визија и без одлучност.
Мицкоски не гледа што е добро за државата и граѓаните, гледа само како да не заостанае зад Апасиев.
Политичкиот пироман Апасиев, со Мицкоски како негов заложник, сака да ја врати државата назад во изолација и неизвесност, а народот да го подели по сите основи.
СДСМ, заедно со демократските сили тоа нема да го дозволи, државата ќе продолжи по патот на интеграциите се до полноправно членство во ЕУ, затоа што тоа е гаранцијата за стабилна и сигурна иднина.