Соопштение за јавност
СДСМ е консолидирана партија, која постојано е на терен и се враќа на победничките патеки. Како државотворна партија постојано на дело покажуваме што значи вистинска грижа за граѓаните но и реализација на стратешките интереси на државата, исткна на трибината под мотото „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржа во општина Чешиново Облешево, организациониот секретар на СДСМ Вангел Андрески.
Организациониот секретар Андрески истакна дека додека СДСМ посветено работи на реализација на стратешките цели за евроинтеграцијата на државата, со заштитен македонски јазик и идентитет, со навремени и ефикасни мерки се справува со сите предизвици што ги носи кризата, од ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од деструктивното и штетно дејствување.
Во Собранието пратениците на ВМРО-ДПМНЕ упорно блокираат над 50 закони во интерес на граѓаните и државата, а на локално ниво, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ цела година не работат ништо. Очигледна е разликата помеѓу нашиот одговорен, чесен и домаќински пристап и деструктивниот, неодговорен и нечесен однос на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, порача Андрески.
Организациониот секретар на СДСМ Вангел Андрески пред присутните граѓани на Чешиново Облешево се осврна на мерките што ги презема Владата предводена од СДСМ за помош на граѓаните и на стопанството.
Со два пакета мерки одвоивме 750 милиони евра за антикризни мерки. Во следните четири месеци им помагаме на над 200.000 граѓани, а дополнителни 52 милиони евра одвоивме за земјоделците, за да го зголемиме производствто на домашна храна и житарици, што е особено важно во време кога во светот има недостиг на храна.“ истакна Андрески.
Андрески нагласи дека со најновите мерки за обезбедување на пониска, фиксна цена на струјата за компаниите од прехранбената индустрија, почнаа да се намалуваат малопродажните цени на основните прехранбени производи, продолжува и субвенционирањето на сметките за струја за домаќинствата и 72.000 мали компании од 80%.
Андрески ги повика граѓаните на обединување за остварување на визијата на СДСМ за економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ, во која младите ќе можат горди и со крената глава да ја градат својата иднина.
Сега зависи само од нас, од никој друг. Ако се обединиме, ако внатрешно си подадеме рака во 2024 година проевропската коалиција предводена од СДСМ ќе биде победничка коалиција, порача организациониот секретар на СДСМ Вангел Андрески на трибината „Силно и одлучно кон иднината“во општина Чешиново Облешево.