Соопштение за јавност
Нов ден, нова лажна вест, нова потврда дека ВМРО-ДПМНЕ е очајна, нема план, нема програма, не нуди ништо ново освен ширење невистини.
Денеска уште една лажна вест од белиот дворец е ескпресно институционално демантирана.
Како што јавно соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, , откупната цена на пченицата се движи од 9 до 10 денари за килограм, во зависност од класата на пченицата, а се очекува цената да расте со оглед на тоа дека е почеток на жетва на пченицата.
Истовремено, според првичните проценки оваа година се очекува производство од пченица да се зголеми за околу 4% во однос на 2017 година, што е уште доказ за зголемената конкурентност на земјоделското производство.
Времето кога земјоделците беа игнорирани и заборавени заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Денес, Владата предводена од СДСМ во соработка со надлежното Министерство за земјоделство, водостапнство и шумартство гради партнерски однос со земјоделците и носи мерки и политики што го унапредуваат земјоделството.
Наместо лажни вести и лицемерие, ВМРО-ДПМНЕ нека гледа и учи што значи вистинска грижа за земјоделците.