Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски со години го силуваа Скопје, а парите на граѓаните ги трошеа на лажни барокни фасади, стирпор, жални врби во Вардар, палми и панорамски тркала за да ги задоволат криминалните апетити на Никола Груевски.
Денес, ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што Скопје се гради како отворен град кој работи во интерес на граѓаните.
Како никогаш досега истовремено се реконструираат клучни сообраќајници во сите скопски општини, се поставува зелен кров на ГТЦ, реконструирани и подигнати се нови зелени површини на околу 40 илјади квадратни метри, а се решава и проблемот со аеорозагадувањето кој ВМРО-ДПМНЕ со години го игнорираше.
ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за Град Скопје бидејќи оваа партија ниту како власт ниту како опозиција не работи во интерес на градот и неговите граѓани.
Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов продолжуваат да работат одговорно, домаќински и отчетно, единствено во интерес на граѓаните и нивните потреби.