Соопштение за јавност
Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов интензивно работат на реконструкција и санација на најважните и најфреквентните коловози во градот.
Од денеска започнува реконструкција на мостот „Гоце Делчев“ една од најфреквентните точки во центарот на градот.
Во моментов се одвива реконструкција на улицата „Лазар Личеновски“, каде освен реконструкција на коловозот ќе се постават нови рабници и уредување на тротоарите.
По долги години се работи на санација и на западниот влез во градот. Во општина Ѓорче Петров се реконструира улицата Ѓорче Петров во должина од 1500 метри.
Реконструкција се одвива и на улицата „Московска“ во општина Карпош каде претходно беше реконструирана улицата „Љубљанска“ а се изврши и реконструкција на булеварот „Партизански одреди“ на потегот од мостот „Обединети нации“ до крстосницата со улица „Лондонска“.
Во општина Чаир се реконструира улуцата „Лазо Трповски“, а претходно реконструирана беше улицата „Втора Македонска Бригада“ каде беа поставени и велосипедски патеки.
Како никогаш досега се работи на санација на неколку клучни соораќајници во главниот град.
Процесите на реконструкција се завршуваат во рекордно време за не повеќе од 20 денови, со цел сообраќајниците што побрзо да се вратат во нормална состојба, а сообраќајот да се одвива непречено.
Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов остануваат целосно фокусирани на унапредување и развој на инфраструктурата на градот.
Зборот важи! Обезбедуваме сигурни и безбедни коловози за граѓаните.