Соопштение за јавност
Минавме низ значаен период во изминатите години, успеавме заедно, со пенкало и глас да
срушиме режим и денес да ја предводиме најголемата коалиција во историјата која работи во
интерес на граѓаните, истакна генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во денешното
обраќање на отворањето на седмиот Летен камп на Социјалдемократската младина СДММ, во
Охрид.
– Од заробена држава станавме светол пример во регионот, станавме пример за надминување на
проблемите и отворените прашања со соседите, а се во интерес на граѓаните, на младите. Во
сите тие процеси младината е клучен дел на кој силно се потпираме. Младината е силен
двигател на промените. Заедно отворивме перспективи и можности за младите, посочи
Николовски.
Во обраќањето, Николовски се осврна на процесот на промени во партијата со цел забрзување на
напредокот на државата.
– Воведуваме нов систем кој се базира на принципите на нашата партија, систем преку кој ќе
бидеме постојано меѓу граѓаните а не само пред избори. Воведуваме нови стандарди преку кои
ќе креираме квалитетни младински политики кои ќе имаат за цел да ги задржат младите овде.
Младината е силен коректор и двигател на политиките и затоа СДСМ мора да отсапува и
отстапува се поголем простор за младите во партиските структури, истакна генералниот
секретар Николовски.
– Заеднички ќе продолжиме да го градиме концептот едно општество за сите и заедно ќе
градиме младински политики за да ги задржиме младите. Заедно ќе ги отвориме перспективите
што доаѓаат со нашето членство во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ. Сето тоа докажува
дека доаѓа еден исклучително битен и добар период за сите млади и навистина е чест и гордост
во еден таков период да сте дел од најсилната младинска организација во земјава, СДСММ, рече
Николовски.
04.07.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА