fbpx

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се главен извор на лажни вести

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Христијан Мицкоски да им се извини на граѓаните за лагите што тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ ги шират секојдневно. 

Последната лага од кујната за лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ, сценариото за јавната набавка за М-Нав вчера беше целосно разоткриена.

По којзнае кој пат се покажа дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се симбол за лаги, конструкции и измислици.

Освен одбрана на криминалот на неговиот ментор Никола Груевски и ширење лажни вести, Мицкоски не може да понуди ништо што е во интерес на граѓаните и државата.

Со таквото однесување, граѓаните го препознаваат Христијан Мицкоски како извор на лажни вести, а ВМРО-ДПМНЕ како извор на деструктивно однесување спротивно на интересите на граѓаните.

 

 

Последни вести