fbpx

ВМРО-ДПМНЕ е симбол за лажни вести и злоупотреби на институциите, затоа е против процесот на ветинг во МВР

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на лажните вести треба да се извини за лагите што секојдневно ги шири.

Опозициската партија вчера бесрамно лажеше дека бројот на тужби на вработени кон МВР по разни основи изнесува 3500, додека во реалноста бројката е далеку помала.

Во скапоцениот дворец немаат никаков кредибилитет да зборуваат за професионални институции, ВМРО-ДПМНЕ е заробена во матрицата на злоупотреби и притисоци кон институциите и затоа оваа партија е против процесот на ветинг во полицијата, против професионализација на институциите.

Наместо по навика да лажат, ВМРО-ДПМНЕ треба да се помират дека довербата во МВР се зголемува, а полицијата функционира како вистински пријател и заштитник на граѓаните.

 

 

Последни вести