Прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Откако издиша лажната вест смислена од кујните на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, и се покажа дека нема никаков скандал со местење тендер се отворија низа прашања на кои токму ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да одговорат:
Каква е врската меѓу Јанакиески, Мисајловски, Јанушев и Климент – дали овој разговор се објавува за да ги покрие криминалите на Јанушев и Јанакиески?
Дали некој намерно не се потпишувал договорот, свесно загрозувајќи ја безбедноста, само во обид да предизвика проблем на сегашната Влада?
Зошто три дена после состанокот од кој потекнува и снимениот разговор Климент Чепуњовски заминал на пат за Русија?
Овие и други прашања ќе треба засегнатите да одговорат пред јавноста но и пред судските органи.
ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е спремна да шурува со луѓе кои биле подготвени да ја загрозат безбедноста на граѓаните.
Со својот однос ВМРО-ДПМНЕ покажа дека освен лажни вести за друго и не ја бидува, дека воопшто не ги познава процедурите.
ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека Леонардо е сериозна државна компанија од Италија и дека целата процедура била под надзор на ЕБОР.
Сите тендерски постапки завршиле во 2016 година, но некој одлучил до 2018 година да не го потпишува договорот и со тоа да ја загрози безбедноста на македонското небо, секако и безбедноста на граѓаните на Република Северна Македонија.