fbpx

Василевска во приемно време за студенти држи партиски прес конференции на кои шири лажни вести

Facebook
Twitter
LinkedIn

 Соопштение за јавност

 

Наместо да биде со студентите, вонредната професорка на Правниот факултет, Иванка Василевска, во приемно време за студенти, се појавува на партиски прес конференции.

Како што е јавно објавено на влезот на нејзиниот кабинет, приемните термини за студентите се во понеделник и среда од 11 до 14 часот. Токму во овој термин денеска, Василевска одржа прес конференција како член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека студентите ја чекаат за консултации, таа одржува партиски прес конференции на кои шири лажни вести и невистини во дневнополитички цели.

 

 

Последни вести