Соопштение за јавност
Лошото организациско менаџирање поставено токму од ВМРО –ДПМНЕ е причината за состојбата во која се наоѓа денес АД Водостопанство.
ВМРО – ДПМНЕ зборуваат за долгови на АД Водостопанство, а токму тие во 2015 година при неговото формирање, ги оставија долговите. Тогашната Влада влезе со влог од 100 илјади евра, а денес последицата е соочување со ненаплатени долгови на Водостопанство .
Наспроти незаинтересираноста од страна на ВМРО –ДПМНЕ за АД Водостопанство , Владата предводена од СДСМ заедно со надлежното министерство, го препозна наследениот проблем и работи на реорганизирање на сите можности како Водоастопанство да профункционира во права смисла и воедно да се изнајде начин како да се организира водоснабдувањето односно наводнувањето на површините на територија на цела држава.
Само за две години од доаѓањето на власт на СДСМ, односно од 2017 година до 2019 година е направено многу. Како дел од проектите преку кои се работи на подобрување на системот за наводнување и условите за работа на земјоделците се : изградба на системот за наводнување Јужно вардарска долина-втора фаза која опфаќа 1700 хектари површина, а претходно се доврши и незавршена прва фаза за што беше потребна 1 година, а преговорите за трета фаза се во тек.
За хидросистемот Злетовица кој со години постоеше само на хартија конечно се обезбедија средства, а во тек е и јавен повик финансиран од ЕК за мали еколошки системи за наводнување. Завршена е реконструкција на браната во Пробиштип, Мавровица во Св. Николе, браната Слатино во Дебарца, Дрен во Демир капија, Липа во Демир капија, а отпочната е и изградба на брана Конско која ќе овозможи наводнување на 8000 хектари.
Сите напори кои се прават од страна Министерството за земјоделство преку програмите за рурален развој во соработка со ЕК е да се овозможи поголема конкурентност на самите земјоделци и зголемен извоз.
Владата предводена од СДСМ продолжува со решавање на наследените и натрупани проблеми оставени од ВМРО –ДПМНЕ и интезивно работи на подобрување на условите и можностите за работа на земјоделците и вработените во овој сектор .