fbpx

Aцевски: Со криминалните шајки што ги искова ВМРО-ДПМНЕ ја закова земјата на дното на Балканот и Европа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Во своето обраќање на денешната седница на Собранието на Република Северна Македонија, пратеникот на СДСМ Костадин Ацевски рече дека ВМРО-ДПМНЕ, поради сите криминали, ја закова нашата земја на дното на Балканот и Европа и ја направи заробена држава.

Реплицирајќи му на пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, Ацевски потсети на криминалните проекти и уназадувањето на земјата.

 

-Во делот на шајките и бандерите за кои многу зборувате, со сите криминални шајки што ВМРО-ДПМНЕ ги искова, ја закова земјата на дното, на дното на Балканот и Европа. Исто и со бандерите, толку бандери поставивте што ги бетониравте на средина од автопатите, а ја оставивте земјата во мрак. Бевме заробена држава поради вашите политики и за тоа ќе ве потсетуваме за никогаш повеќе да не се повтори, порача Ацевски.

 

 

Последни вести