Соопштение за јавност
Нема поголемо лицемерие од тоа обвинетиот за криминал Игор Јанушев да го брани обвинетиот за криминал Димитар Димовски и да зборува дека е чесен.
Тоа е препознатливата матрица на Никола Груевски во која е заглавено раководството на ВМРО-ДПМНЕ, матрица на нечесност, неспособност и одбрана на криминалот по секоја цена.
ВМРО-ДПМНЕ веќе не може да го одбрани криминалот и затоа разбирлива е нервозата во скапоцениот дворец.
Денес, Република Северна Македонија е правна држава, законите важат за сите подеднакво и секој што направил прекршување на законите одговара за стореното. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да се помират со тоа.