Соопштение за јавност
Колку и да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, денес законите важат за сите подеднакво. Секој оној за кој ќе се докаже дека постпаувал незаконски, одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, партиска или каква било друга припадност.
ВМРО-ДПМНЕ е нервозна затоа што не може да го одбрани криминалот во сопствените редови.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, заглавена во матрицата на Никола Груевски, не може да се помири со неселективното владеење на правото.
Времето кога од белиот дворец нарачуваа, им се закануваа на интитуциите како да работат, против кого да се отвораат истраги, а чии незаконски постапки треба да се прикријат, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Република Северна Македонија е правна држава, никој не е и нема да биде над законите.