fbpx

Безобразно е кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за режим, извештајот на ГРЕКО го опфаќа незаконието со кое владееше Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Безобразлук е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за режим.

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски го создадое режимот кој граѓаните го победија. ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на корупција, непотизам, наместени тендери, заташкани убиства, уцени и закани нема никаков кредибилитет да зборува за извештајот на ГРЕКО.

Токму последниот извештај на ГРЕКО посочува примери на корупција, кршење на човековите права, се посочува дека поранешниот премиер Никола Груевски е под истрага за нелегално финансирање на партијата.

Неправилностите на кои се повикува Извештајот се однесуваат на 2017 година и порано, односно директно во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од расипничкото и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, денес се постапува по препораките на ГРЕКО, постојано се реализираат реформи, се враќа довербата во институциите, транспарентноста и отчетноста се на високо ниво.

Наместо да шират лаги, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го прочитаат убаво Извештајот и да погледнат кон себе, изобилуваат со криминал, ништо не се менува кај нив, се уште штитат осуденици и криминалци.

Денес, институциите функционираат професионално и пред се транспарентно. Граѓаните и јавноста имаат увид во работењето. Времето кога институциите се злоупотребуваа за партиски интереси заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Од заробена држава денеска сме светол пример.

Последни вести