Изјава за медиуми,
Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Зборот важи. Реализираме клучна мерка од Програмата, клучно ветување дадено пред граѓаните.
Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ го усвои Законот за враќање на дел од платениот данокот на додадена вредност на физичките лица.
Веќе од понеделник, први јули започнува реализацијата на проектот за поврат на 15 отсто од платениот Данок на додаден вредност за граѓаните.
Секој граѓанин над 15 годишна возраст со важечка лична карта и трансакциска сметка ќе може да изврши поврат на 15 отсто од ДДВ.
На тој начин, секое семејство ќе добие дополнителен приход на крајот на годината.
Само со оваа мерка, државата за првпат ќе врати околу 50 милиони евра годишно директно кај граѓаните.
Како одговорна партија остануваме посветени на заложбите за намалување на трошоците и повеќе пари кај секое семејство.
Продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, повеќе пари и повисок животен стандард за сите.