fbpx

ВМРО-ДПМНЕ 11 години крадеше пари од граѓаните, СДСМ враќа пари назад кај граѓаните, затоа опозицијата не го разбира повратот на ДДВ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ немилосрдно земаше пари од граѓаните, ги крадеше и осиромашуваше. Економијата беше во колапс додека фамилијата се богатеше.

Сосема спротивно од ова, владата предводена од СДСМ за само 2 години успешно спроведува концепт за враќање пари кон граѓаните со серија на мерки кои веќе се реализираа.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ не може да го разбере повратот на 15 проценти од платениот данок на ДДВ, назад кај граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ знае само да зема пари од граѓаните.

Со проектот за поврат на 15% од ДДВ за прв пат секој граѓанин кој одговорно плаќа ДДВ во нашата земја добива пари на својата сметка, или пари од државата. Тоа може само на криминална партија како ВМРО-ДПМНЕ да и смета и да биде против.

Парите се враќаат кај граѓаните и тој концепт ќе продолжи, колку тоа и да му смета на Мицкоски кој очигледно нема појма од економија.

Поркај повратот на пари од ДДВ со кој 50 милиони евра се враќаат кон граѓаните веќе се реалзираа серија на мерки кои носат поголем приход во секое семејство:

–          Минималната плата ја покачивме од 9.000 на 12.500 денари.

–          Ја укинавме радиодифузната такса и ја воведовме ефтината тарифа на струјата, мерка со која над 11 милиони едвра завршуваат кај граѓаните.

–          Социјалната помош ја зголемивме за 300%, односно од 3.000 на 10.500 денари.

–          Го намаливме ДДВ-то за парното од 18 на само 5%.

–          Ги намалувме казните и до 75% а трошоците за нотари и извршители и до 90%.

–          Просечната плата се зголеми за над 2.000 денари а пензиите за над 800 денари.

–          Земјоделците можат да вратат пари од персонален данок а со мерката зелена нафта над 200 милиони денари остануваат за 55 илјади земјоделци.

Сите економски параметри покажуваат дека после деценија стагнација македонската економија расте, се развива а се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Далеку е белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ од реалноста.

 

Скопје, 22.06.2019​  

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

​СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 
Последни вести