Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев се совршена комбинација за хаос и деструкција, порача вечерва претседателот Димитар Ковачевски на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Куманово.
Ковачевски истакна дека Мицкоски е човек без визија, без став а Апасиев е пироман со визија за хаос и меѓуетнички тензии.
„Двоецот Мицкоски Апасиев инспирирани од 11 годишното владеење на Груевски може само да понудат изолација на земјата, омраза меѓу граѓаните, конфликт со соседите и масовно иселување на младите. Тоа нема да го дозволиме! Затоа Мицкоски е упашен и нервозен, затоа постојано бара предвремени избори, како одминува времето Апасиев му ги зема гласовите, посочи претседателот Ковачевски вечерва во Куманово.