Соопштение за јавност
Европскиот пат зависи од нас, сега единствена кочница за продолжување на европскиот пат е опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и нивните партии, нагласи пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.
Коциќ потсети дека германскиот претседател Штајнмаер порача дека германските власти видоа кој се залага за евроинтеграцијата на ова наша држава со прифаќањето на францускиот предлог и дека упати неколку јасни укори кон опозицијата дека нивната националистичка реторика, која служи само за собирање на гласови и ништо друго не е дел од европската култура.
ЕУ е проект за мир, затоа има добиено Нобелова награда за мир, затоа што ги помирува народите коишто со векови војувале меѓусебе. Ние како составен географски дел на Европа треба да го најдеме начинот на кој ќе воспоставиме мир, соработка и соживот во нашата држава и нормално со нашите соседи, нагласи Коциќ.
Пратеникот Коциќ во дебатата со неговиот колега од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, побара од ВМРО-ДПМНЕ да одговорат дали се за разграничување на Македонците и Бугарите како различни нации.
Дали ние како Македонци сме против јасното разграничување во нашиот Устав дека Македонците и Бугарите се две различни нации. Молам ВМРО-ДПМНЕ јавно да ми оговори дали се против разграничување на Македонците од Бугарите. Ние не сме, и сметаме дека треба да бидат разграничени. Меѓутоа ВМРО-ДПМНЕ, Левица и другите, кои ја хушкаа јавнста и ја лажеа дека со започнување на преговорите ќе сме зборувале западно бугарски дијалект, дека ќе сме се разбуделе како Бугари, дека бил загрозен нашиот идентитет и историја, испадна дека ја манипулираат јавноста, на база на националното прашање, рече Коциќ, додавајќи дека националистички барања, 4+1, 5+1, на Бугарија во однос на нашата ЕУ интеграција во јули биле заменети со единствениот услов, односно внесување на бугарското малцинство во Уставот.
Коциќ нагласи дека поради хушкањето и лагите на ВМРО-ДПМНЕ, деца завршија по затвори и, најмалку што можат да направат е да им се извинат што ги хушкаа да го кршат собранието.
Не очекувам да ни се извините на нас пратениците, мислам дека немате достоинство да ни се извините што не навредувавте, не нарекувавте предавници, дека ќе сме го продале јазикот и истоијата и идентитетот, меѓутоа на вашите членови, на оние што ги лажевте најмалку што можете е да им се извините, рече Коциќ, нагласувајќи дека со усвоената преговарачка рамка е утврдено дека оваа или која било следна влада не смее да преговара за макеоднскиот јазик, идентитет и култура, тие се наши и остануваат наши.
Оваа година е историска за македонскиот јазик, за прв пат „оче наш“ се читаше на македонски јазик во Вселенската партијаршија, се призна МПЦ-ОА, за прв пат пишуваше во ЕП македонски јазик на кирилица, без никаков превод, а ВМРО-ДПМНЕ трврди дека ние го продававме јазикот, ја продаваме историјата, порача пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.