fbpx

Ништо не се менува кај ВМРО-ДПМНЕ, дури ниту наративот, Мицкоски нема свое јас

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

За две години многу работи се променија во нашата земја.

Од заробена држава станавме светол, блескав пример во регионот. Од уназадување повторно одиме напред.

За само 2 години на дофат ни е остварувањето на врвните стратешки и национални приоритети, членство во НАТО и ЕУ.

Економијата од -1.8 во времето на ВМРО-ДПМНЕ порасна на 4.1%. Имаме рекордни износи на директни странски инвестиции и раст на инвестициите од 260 проценти. 

Просечната плата порасна за 2 илјади денари а невработеноста се намали на историски најниски 17.8 %.

Слободата, демократијата, транспаретноста, отчетноста, одговороноста и работата во интерес на граѓаните повторно живеат.

Само во ВМРО-ДПМНЕ ништо, ама буквално ништо не се менува. Мицкоски нема свое јас, нема капацитет ништо да промени, останува послушник на Никола Груевски.

Додека СДСМ се менува за да го забрза напредокот ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во матрицата на Груевски.

Дури и во наративот останува се исто кај ВМРО-ДПМНЕ, невистини и континуирана рециклажа на лажни вести.

ВМРО-ДПМНЕ нема ниту план, ниту идеја, ниту реален проект што што би бил во интерес на граѓаните.

Затоа СДСМ е предводник на напредокот.

Граѓаните се определени за напредок, за иднина во ЕУ и НАТО и враќање назад нема.

Само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат изолирани во минатото.

 

Скопје,  18.06.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести