fbpx

Лукаревска во Аеродром: СДСМ се грижи за граѓаните и води напред, ВМРО-ДПМНЕ ги заглави општините и градот Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Караванот трибини „Силно и одлучно кон иднината“ вечерва беше во општина Аеродром, каде пред пристуните говореа заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, членот на ЦО Благој Бочварски и пратеничката и претседателката на општинската организација на партијата во Аеродром Даниела Николова.

Заменик претседателката Лукаревска во своето обраќање направи паралела. Од една страна е одговорноста на СДСМ и економските политики кои во ек на најголема криза ја спасија македонската економија и ги поддржаа граѓаните и компаниите. Од друга страна се деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ кои го блокираа македонското Собрание а општините кои ги води целосно се заглавени. Најсилен пример е хаосот којшто се случува во главниот град Скопје.

– 10 месеци се соочуваме со светска економска криза, 10 месеци сме посветени на креирање и реализација на антикризни мерки за помош на граѓаните и компаниите. 760 милиони евра одвоивме за два пакети антикризни мерки а само со последниот опфативме околу 200.000 граѓани кои четири месеци ќе добиваат дополнителна финансиска помош. Таквата помош ќе продолжи и во 2023 година, каде со Буџетот за следната година предвидени се пари за ново зголемување на минималната плата и дополнително зголемување на пензиите од околу шест отсто. Од следната година го зголемуваме и прагот за поврат на ДДВ. Воведуваме и рефрома за праведен даночен систем, рече Лукаревска

И тоа е разликата помеѓу нас од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски. Повеќе од една година ја имаат локалната власт во најголем дел од општини и гледаме што направија, ги уназадија и партизираа општините, не реализираа ниту еден нов проект. Таквото неработење највидливо е во Скопје, Градот доживува нова катастрофа, јавниот превоз е во колапс, не се реализира ниту еден проект, а штетата од неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ ја трпат граѓаните, порача Лукаревска.

Членот на ЦО, Благој Бочварски рече дека Владата предводена од СДСМ е посветена на инвестиции во инфраструктурата кои го унапредуваат квалитетот на живот и носат економски раст и развој.
-Токму затоа во Буџетот за 2023 предвидовме близу 800 милиони евра за капитални проекти, тоа се пари со кои ќе се финансираат нови автопати, нови улици и булевари, нови комунални проекти, но во следната година ќе се довршат и започнатите крупни инфраструктурни проекти, порача Бочварски.

Претседателката на ОО СДСМ Аеродром и пратеничка во Собранието, Даниела Николова истакна дека парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ќе продолжи да реализира закони и политики што се важни за граѓаните и државата и дека блокадите на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Левица одново ќе бидат осудени на пораз.

Последни вести