Трет ден трае молкот на Христијан Мицкоски за јавно поставените прашања.
Со кого се среќавал Мицкоски од домашната и надворешната политичка сцена и барал власт и ветувал дека ќе го сменел Уставот?
Кој е вистинскиот став на Мицкоски за уставните промени? Оној кој го кажува во јавноста или оној кој го кажува на средбите со домашни и странски политичари?
Мицкоски кој е во заложништво на Димитар Апасиев нека не се крие зад неговиот извршител Драган Ковачки туку нека излезе во јавноста и да одговори на поставените прашања.
Лицемерието на Мицкоски за државните и националните интереси кога во јавност зборува едно, а зад затворени врати сосема друго е одамна познато
Ништо не може да го сокрие фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се под заложништво на Апасиев и Левица и затоа стануваат се порадикални во деструктивното дејствување.
Мицкоски е слаб, исплашен и очаен и затоа се што прави, прави за да не заостане зад Апасиев.